Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, денеска, како што јавува МИА, бил физички нападнат по осветувањето на камен-темелникот на крстот во скопската населба Бутел. Петров претходно присуствуваше на поставувањето на темелите на 51-метарскиот крст во населбата Бутел, чија изградба е иницијатива на Светскиот македонски конгрес. Во моментов, како што пренесоа некои медиуми, Петров се наоѓа на Ургентниот центар каде му се санираат повредите здобиени во нападот. Од МВР соопштија дека подоцна ќе излезат со детали за овој настан.