Судири меѓу опозициските демонстранти и полицијата во Косово

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Судири меѓу опозициските поддржувачи и полицијата избија пред косовскиот парламент во Приштина. Полицијата употреби солзавец и водени топови за растерување на стотиците поддржувачи на опозицијата кои кампуваат на главниот плоштад во Приштина барајќи оставка на владата и предвремени избори. Полицијата интервенираше откако кон собранието беа фрлени молотови коктели. Парламентот денеска треба да избере претседател на државата, но седницата е прекинувана зашто опозицијата двапати фрли солзавец во собраниската сала.