Нема да се градни нова Универзална сала во Скопје, туку ќе се реконструира постоечката. Ова денеска го најавија министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. Велат дека одлуката е донесена на седница на Влада и се очекува реконструкцијата да чини околу 15 милиони евра, што е значително помалку отколку проектот за изградба на нов објект во вид на јајце кој ќе чинеше од 60 до 65 милиони евра.