Гореше фасадата на зградата на ЕВН
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Утрово избувна пожар во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Од огнот беа зафатени внатрешните простории на зградата и недовршената фасада.
За сега не се познати причините за пожарот, ниту дали има евентуално повредени. На терен дојдоа 6 пожарникарски возила кои за кратко време ја изгасија запалена фасада а потоа влегоа внатре да го гасат пожарот кој зафати дел од просториите. Еден од случајните минувачи на шега искоментира „Леле гори стиропорот на ЕВН“.