Првообвинетиот во случајот Диво Насеље Сами Укшини, познат како командант Соколи, денеска пред Судот изјави дека се чувствува делумно виновен за делото за кое го товарат. Сепак, по паузата, тој го смени исказот и како и сите други обвинети, изјави дека не се чувствува виновен за делата за кои се товари. Групата од Диво Насеље е обвинета за тероризам и терористичка организација.