Чешки полицајци на македонско-грчката граница

Дваесет и седум припадници на чешката полиција, шест недели, до 19 март, ќе им помагаат на македонските колеги во обезбедувањето на границата со Грција и ќе помагаат при безбедносните прегледи на бегалците. Чешкиот премиер Бохуслав Соботка рече дека доколку биде побарано од македонска страна, мисијата ќе биде продолжена, јави дописникот на МИА од Прага.