Правниот лавиринт кој настана по отстранувањето на двете обвинителки од Специјалното јавно обвинителство, Советот на Јавни обвинители ќе го решава на следната седница, соопшти претседателот на комисијата составена за овој случај, Сашо Василевски. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред комисијата изјавила дека поради намалениот обем на работа го намалила и тимот. Обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, пак, бараат да бидат вратени на своите работни места. Јанева не сакаше да ги коментира шпекулациите дека причина за нивно разрешување е оддавање на тајни.