Специјалното Јавното обвинителство денеска побарало полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на физичко обезбедување на обвинителите од тимот на Катица Јанева, соопшти МВР.
„Имено, со оглед на високиот степен опасност по животот и личниот интегритет при вршењето на работните задачи во СЈО, од МВР е побаран одреден број полициски службеници, како за јавната обвинителка Катица Јанева, така и за нејзините соработници - обвинители. Министерството за внатрешни работи ќе го разгледа барањето и благовремено ќе достави одговор до СЈО“, стои во соопштението од МВР.
Поранешниот премиер Никола Груевски, во вчерашниот говор на Конвенцијата на Унијата на жени на неговата ВМРО-ДПМНЕ, рече дека на власт не се доаѓа „со Ванхојтовци, Катици и продавачи на магла“.