Граѓани во одбрана на зеленилото во Карпош

Група граѓани протестираа денеска под мотото „Да го спасиме Карпош“. Граѓаните се против урбанистичките планови за Тафталиџе и Карпош 3. Протестираат оти ДУП-ови градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски не сака да ги повлече. Тие ја блокираа раскрсницата кај Сити мол во Скопје, за да се спротивстават, на како што велат, дебармаализацијата на Карпош. Градоначалникот пак смета дека урбанистичките планови се во интерес на граѓаните.

Партијата ДОМ на пресконференија го поддра граѓанскиот протест за зачувување на зеленилото во општина Карпош и побара локалната власт да ги повлече деталните урбанистички планови, како и да овозможи јавна дебата.