Вооружен напад во училиште во Канада

Четири лица загинаа кога вооружен напаѓач упаднаа во училиште во провинцијата Саскечуан во Канада, соопшти полицијата, ревидирајќи го бројот на загинати. Претходно премиерот Џастин Трудо изјави дека пет луѓе загинаа, а две се во критична состојба. Младиот напаѓач отворил оган во простории на основно училиштето во кое учат околу 900 ученици. Засега не е јасно кои се жртвите, дали се ученици, професори или помошен персонал во школото. Напаѓачот е уапсен и одведен во притвор. Канада има построги закони за поседување оружје за разлика од САД, па вакви случаи се релативно ретки во земјата. Најлошиот напад во училиште со огнено оружје се случил во 1989 година, кога 14 ученици биле убиени во училиште во Монтреал.