Британска истрага чии резултати ќе бидат објавени денеска се очекува да заклучи дека Русија стои зад убиството на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко во 2006 година. Извештајот на британскиот судија Роберт Овен ќе додаде ново поглавие во случајот со Литвиненко откако тој испил чај во кој имало високо радиоактивна материја, полониум 210. Москва ги отфрли поранешните обвинувања за вклученост во смртта на Литвиненко, а најновата истрага ја оцени како политички мотивирана. Литвиненко работеше за руската разузнавачка служба пред да се пресели во Британија каде што стана голем критичар на рускиот претседател Владимир Путин.