Заев-Груевски призна дека е виновен за политичката криза

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека денешната изјава на премиерот Никола Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови од договорот од Пржино и оти тој е причината за политичката криза во Македонија. Според него, императивот на договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес и тоа, како што нагласи, мора да се рализира.

„Човекот кој што одлучуваше за животот и смртта и кој може слободно да живее во Македонија, а кој не. Човекот кој заедно со неговата фамилија и братучедот Мијалков и кумот Ставрески узурпираше се за свое лично богатење јасно му е дека на тоа денеска му дојде крајот. Никола ти не си Македонија. Ова не е крај. Ова е почетокот на крајот на една корупирана, фамилијарна, расипничка и недомкратска власт.“.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија за сите заедно да ја вратат слободата, демократијата, правдата и европските вредности во земјата. Заев не посочи дали тој се согласува изборите да бидат одржани на 24 април или пак ќе бара одложување.