Германската полиција уапсила 211 екстремни десничари

Илустрација.

Германската полиција соопшти дека уапсила 211 поддржувачи на екстремната десница, кои почнаа да дивеат за време на вчерашниот антиимиграциски протест во Лајпциг на кој присуствуваа илјадници луѓе. Групата палела автомобили, кршела излози и оштетувала имот додека се одржувал мирен антимигрантски протест во организација на движењето ПЕГИДА. Полицијата соопшти дека уапсените имале досие „дека се симпатизери на крајната десница и членови на насилни навивачки организации“. Автобусот, пак, во кој полицијата ги качила уапсените бил нападнат од левичарски активисти. Во Германија има огромно незадоволство од масовните напади врз жени во Келн за време на новогодишната ноќ за кои се обвинуваат мигранти.