“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три владини медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра, соопштуваат од СДСМ.
„Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Макдонија“ во 2013 година само со еден вработен „ остварила 242.000 евра приходи.
Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.
Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.
Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.
Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков.
“Курир” две недели молчи за поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”, со Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП на Стајковиќ.
Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски, прашуваат од СДСМ.