Со извиците „Оставка“ и „За Тодоров затвор“ започна протестот на стотина граѓански активисти кои денеска пред Собранието го изразуваат револтот од лошите политики во здравството. Тие бараат министерот за здравство Никола Тодоров да поднесе оставка од функцијата и да преземе политичка и морална одговорност.
Демонстрантите на разглас пуштаат аудио снимки од изјави на Тодоров за случајот со малата Тамара и за неговите ставови искажани во Собранието за успесите на министерството за здравство. Во Собранието се уште е во тек расправата за интерпелацијата на Тодоров предложена од СДСМ. Пред Собранието има зголемено присуство на полицијата.