Нема брзи решенија за мигрантската криза

Загрижува можното сценарио во кое една по друга земјите членки на Европската унија ќе ги затворат границите, земјите од Западен Балкан ќе се претворат во прифатни центри за мигрантите. Ваквиот чекор ќе биде крајно неодговорен и ќе го потпали фитилот за идна дестабилизација на регионот, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Здружување на земјите засегнати од напливот на мигрантите, зајакнување на донаторската координација и меѓусебна помош во процесот на справување со една од најлошите хуманитарни кризи по Втората светска војна. Овие прашања беа во фокусот на денешната дискусијата на регионалната конференција посветена на бегалската и мигрантска криза, на која на Меѓународниот ден на мигрантите учествуваа домашни и странски политичари и експерти, во организација на Секретаријатот за европски прашања.

Загрижува можното сценарио во кое една по друга земјите членки на Европската унија ќе ги затворат границите, земјите од Западен Балкан ќе се претворат во прифатни центри за мигрантите. Ваквиот чекор ќе биде крајно неодговорен и ќе го потпали фитилот за идна дестабилизација на регионот, кој со помош на Европската унија вложи многу за да ги надмине ваквите сценарија.
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Македонија е дел од западнобалканската рута и силно е погодена од кризата, а низ земјата годинава транзитирале повеќе од 620 илјади мигранти, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој истакна дека во вакви услови поставени се две примарни цели: заштитата на животот и здравјето на мигрантите, сузбивањето на криумчарењето на мигрантите и трговијата со луѓе, како и заштита на националната и јавната безбедност и заштита на националното здравје. Спасовски вели дека со законските измени, во изминатите шест месеци на мигрантите им е овозможено да искажат намера за признавање на право на азил и оти со тоа се подобрени условите и според него мерките ги даваат очекуваните резултати. Тој посочи дека поради кризата Министерството за внатрешни работи троши дополнителни еден милион евра месечно и дека на земјата итно и е потребна помош од Европската унија за поддршка на институциите вклучени во справувањето со кризата.

„Сите се уверивме дека нема брзи решенија за кризата, но токму затоа итно ни е потребна соработка и солидарност на регионално и меѓународно ниво. Сакам јасно да порачам дека ние сме подготвени за ангажман и соработка. Загрижува можното сценарио во кое една по друга земјите членки на Европската унија ќе ги затворат границите, земјите од Западен Балкан ќе се претворат во прифатни центри за мигрантите. Ваквиот чекор ќе биде крајно неодговорен и ќе го потпали фитилот за идна дестабилизација на регионот, кој со помош на Европската унија вложи многу за да ги надмине ваквите сценарија. Затоа сметаме дека итно е потребно да се зајакне соработката“, рече Спасовски.

Евроамбасадорот Аиво Орав рече дека кризата продолжува да наметнува предизвици за земјите на западнобалканската рута, како што се безбедносните и менаџирањето на ситуацијата на границите. Тој вели дека Европската унија не останала само набљудувач на настаните, туку дека пружила значителна поддршка.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Граѓански марш за поддршка на мигрантите

„Само минатата недела Европската комисија објави додатни 13 милиони евра за Србија и за оваа земја. Поддршката дадена на овие земји од 2007 година за управување со границите изнесува околу 40 милиони евра. Ние сме подготвени да ви помогнеме во однос на хуманитарните потреби, за регистрирањето на мигрантите и управувањето со границите. Во овој процес е инволвиран и Фронтекс, со што ќе се олесни ситуацијата со мигрантите на границата со Грција“, рече Орав.

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, рече оти мора да се размислува дека секој може да се соочи со судбината на луѓето кои минуваат низ балканската рута. Тој вели дека прашањата се важни за целиот континент и дека потребата за помош на луѓето ги става земјите под притисок, и затоа со посилна посветеност може да се решат ваквите проблеми.