Изборните нерегуларности се првите предмети по кои Специјалното јавно обвинителство започнува предистражна постапка, соопшти денеска јавната обвинителка Ленче Ристоска, која е дел од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа додаде дека во изминатиов период биле направени анализи, според кои, Специјалното обвинителство донесе одлука дека има основано сомнение за сите предмети кои се поврзани со изборните нерегуларности, а кои произлегуваат од незаконски следените комуникации и поради тоа решиле тие да бидат првите предмети кои ќе ги преземат под своја надлежност.
До сите иматели на докази, дали се државни институции, дали се други физички или правни лица, коишто имаат докази во оваа насока ќе бидат упатени барања за обезбедување на овие докази со што ќе се пристапи кон истражување веќе на овие предмети поврзани со изборните нерегуларности.Ленче Ристоска, портпаролка на СЈО.
„Со самото тоа што воспоставивме стварна надлежност врз овие предмети, ние сме единствено обвинителство кое во оваа држава е надлежно и за истражување и за постапување токму по овие премети. Во оваа насока ве известуваме дека во деновиве што следат до сите иматели на докази и тоа во најкраток можен рок, до сите иматели на докази, дали се државни институции, дали се други физички или правни лица, коишто имаат докази во оваа насока ќе бидат упатени барања за обезбедување на овие докази со што ќе се пристапи кон истражување веќе на овие предмети поврзани со изборните нерегуларности“, рече Ристоска.
Таа вели дека не може да го каже точниот број на предмети за кои се работи, меѓутоа постојат повеќе предмети кои ги тангираат изборните манипулации. Ристоска додаде дека податоците за тоа против кого ќе се водат истрагите, се тајни, и сè уште е рано да се зборува, бидејќи според досега анализираните податоци, Специјалното обвинителство одлучувало само за надлежноста.
Заев на една од прес-конференциите поврзани со прислушуваните разговори рече дека опозицијата има материјали со кои ќе се докажело фалсификувањето на лични документи кои биле користени во изборните циклуси, материјали со кои се докажуваат притисоци врз администрацијата, фирмите, земјоделците, наставници, врз социјално загрозените, злоупотребата на пензионерите.
Ристоска се осврна и на сторијата објавена во неделникот Фокус за фалсификувани лични карти за кои постои сомневање дека биле користени во изборниот процес.
„Овој случај моментално не е доставен во ова обвинителство, меѓутоа нашите сознанија одат до таму дека постојат основи на сомнение дека и тој предмет е поврзан со незаконски следените комуникации како предмет којшто ги таргетира изборните нерегуларности. Во наредниве денови ќе биде побаран и тој предмет по што ќе се произнесеме и формално стварната надлежност за тој предмет“, рече таа.
Во таканаречени бомби на опозицијата беа објавени и дел о д прислушувани разговори во кои, како што вели лидерот на СДСМ Зоран Заев, има докази за изборните грабежи што ги прави премиерот Никола Груевски со неколкумина негови соработници.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Досега до опозицијата од Специјалното јавно обвинителство не е поднесено барање за доставување на материјалите кои тие ги поседуваат.
Ристоска соопшти дека речиси сите предмети од обвинителствата им се доставени, меѓу кои и предметот „Пуч“ во кој четврто обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев и дека во наредните осум дена Специјалното обвинителство ќе одлучува дали имаат стварна надлежност за нив. Во нивната архива недостасува само предметот од кумановското обвинителство кој се однесува на пријава до непознато лице во еден мобилен оператор поврзано со спроведувањето на недозволеното прислушување. Ристоска посочи дека очекува во текот на следната недела и овој предмет да им биде доставен.
Специјалното јавно обвинителство во моментов работи со двајца истражители, меѓутоа доставено е барање до МВР, истражители од таму да бидат распоредени за работата на СЈО.