Опасностите од радикализмот се големи насекаде во светот, не само во Македонија, вели поглаварот на Исламската верска заедница, Реисот ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи. Тој коментира дека иако во последно време се зборувало само за исламски радикализам, според него тој не постои, бидејќи исламот не прифаќал радикално однесување и екстремизам.
Секогаш кога однесувањето е надвор од исламот, веројатно не се имуни да се појават и такви односи и такво однесување што навистина води кон радикализмот, кон екстремизмот и нетрпеливоста.Реисот ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглавар на Исламската верска заедница.
„Припадниците на исламот не се имуни од едно такво однесување, како што не се имуни и припадниците на другите верски заедници. Така што секогаш треба да имаме во предвид што значи исламот, што проповеда исламот, што интерпретира и какви ставови има, а како се однесуваат муслиманите, дали се однесуваат во рамките на тие исламски начела или надвор од тоа. Секогаш кога однесувањето е надвор од исламот, веројатно не се имуни да се појават и такви односи и такво однесување што навистина води кон радикализмот, кон екстремизмот и нетрпеливоста“, вели Реџепи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тој додава дека Исламската верска заедница е категорична против насилството и радикализмот, како и против секое движење кое не се согласува со нормите на исламот.
„Иако во последно време доста направивме и иако не бевме помогнати од страна на државните институции, а напротив ние и денеска не можеме да се согласиме оти пред извесно време имаше обид во Исламската верска заедница да ни се изврши пуч, преку државните органи, заради тоа го молам целиот светски поредок, ги молам сите релевантни фактори ако успеат во Македонија да се воспостави правна држава и да се зајакнат верските заедници, не барам само Исламската верска заедница, и да бидеме рамноправно третирани пред законот, јас ќе бидам благодарен и гарантирам за Исламската верска заедница дека нема да има потреба никого од неа да го боли глава или да му биде страв, туку ќе се бориме исламот да го спроведеме во пракса“, вели Реџепи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Загребскиот весник „Јутарњи лист“ денеска пренесе дека САД имале интерес за зајакнување на државните институции во борбата против верскиот радикализам во регионот на југоисточна Европа, а тоа зајакнувањето би се однесувало на полициските и разузнавачките капацитети и засилување на позициите на легитимните верски заедници, пред се во Босна и Херцегодина, Србија и Македонија.
Претседателот на Евро – Атланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани вели дека иако во моментов кон Македонија нема отворени закани од радикалниот ислам, како и секоја држава треба да ги преземе сите неопходни мерки за сочувување на нејзината безбедност.
„Кога имаме светска мобилизација против Исламската држава, Македонија со капацитетот и потенцијалот што го има, е пожелно да биде на страната на земјите кои ќе се борат против Исламската држава и нивниот радикален ислам. Македонија може како партнер на НАТО да го даде она што го има на располагање“, вели Рамадани.
Повеќе иформации за борбата против исламскиот радикализам ќе добиете во ТВ-Темата.