Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека соборувањето на рускиот борбен авион е „нож во грб“ од страна на Турција и предупреди дека тоа ќе има сериозни последици на билатералните односи меѓу двете земји. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја има право да ги преземе сите мерки против нарушувањето на границите.
НАТО повика на вонредна средба на амбасадорите на земјите членки по барање на Турција, која ќе се одржи денеска попладне во Брисел. Турција тврди дека рускиот авион го нарушил воздушниот простор на земјата. Русија ги негира обвинувањата.