Во Брисел загриженост и страхување
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Белгиските власти соопштија дека синоќа во Брисел биле уапсени 16 лица во рамките на истрагата за терористичките напади во Париз на 13 ноември кога загинаа 129 луѓе. Белгиското обвинителство денеска соопшти дека меѓу уапсените не бил и клучниот осомничен за тие напади Салах Абдесалам.