Бројката на жртви од терористичките напади во Париз на 13 ноември се искачи на 130 лица. Францускиот премиер Мануел Валс ја соопшти веста откако едно од повредените лица кое се наоѓаше во тешка ситуација почина. Во серијата напади во главниот град на Франција беа повредени и 350 луѓе. Исламската држава ја презема одговорноста за нападот.