Турција упати протест до рускиот амбасадор во земјата

Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов бил повикан во турското МНР во знак на протест против воздушните напади на Русија врз туркменски села во Сирија. Турското МНР, соопшти дека руските дејствија во Сирија „не се борба против тероризмот, туку бомбардирање на села на цивили“. Анкара барала операцијата да биде прекината што поскоро. Туркмените се локално население од турско потекло, кое живее во Сирија.