Како и во изминатите два дена бегалците што доаѓаат од земји што не се зафатени со војна не можат да влезат во Македонија и се пропуштаат само тие што доаѓаат од Сирија, Ирак и од Авганистан.
Во овој момент на јужната граница во кампот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да заминат. Од грчка страна има две илјади лица кои чекаат за влез во Република Македонија. Овие бројки постојано се менуваат“, изјавиНаталија Спирова Колариќ, МВР.
За разлика од вчера кога иранските бегалци го блокираа преминот, од МВР велат дека состојбата на јужната граница е стабилна.
„Во овој момент на јужната граница во кампот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да заминат. Од грчка страна има две илјади лица кои чекаат за влез во Република Македонија. Овие бројки постојано се менуваат“, изјави Наталија Спирова Колариќ од МВР.
Откако вчера иранските бегалци го блокираа преминот Богородица незадоволни од одлуката да се пропуштаат само бегалци од земјите зафатени со војна и од невладините организации кои се на терен информираат дека денеска е помирно, но оти тензијата останува присутна. Тие посочуваат дека на јужната граница во одредени периоди од денот има застој во протокот на мигранти во траење и од еден час.
„Малку беше проблематично, истото се случува и од сабајлето, но се поминува без некој поголем инцидент. Тензично е моментално бидејќи одредени националности се пропуштаат, а други не. Границата е затворена за одредени периоди. Сабајле исто беше затворена саат време. Официјално границата е отворена, но протокот на луѓе знае да се забави“, изјави Габриела Андреевска активист од невладините организации кои се на терен кај граничниот премин Богородица.
Од МВР велат дека се засилени граничните контроли и дека Србија и Хрватска ќе ни ги враќаат назад сите тие лица што ќе бидат пропуштени како економски мигранти. Се води повеќе сметка кои лица ќе бидат пропуштани од Грција кон Македонија и затоа се зајакнати контролите на граничните премини“ велат од МВР.
МВР извести исто така дека состојбата и на северната граница во Табановце е мирна. Пристигнати се вкупно 2. 715 мигранти. Од 24 часа по полноќ до изутрината пристигнати се 45 лица, а во кампот се наоѓаат 280 лица.
Од УНИХЦР велат дека на бегалците им обезбедиле ќебиња и тие се сместени во објектите кои се поставени во пунктот за помош.
„Тече и таму регистрацијата. Беше поставен од МВР пункт да се регистрираат тие што не биле регистрирани долу во Вино Југ. Нема застој на границата со Србија и поминуваат бегалците кон Србија“, изјави Љубинка Брашнарска од УНХЦР.
Инаку МВР вчера издало потврди на 2,589 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, од кои 1.149 се државјани на Сирија, 966 на Авганистан и 474 на Ирак.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5