Бејли-Нападите во Париз се закана за сите

Американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли.

Американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли денеска изјави дека нападите во Париз се закана за сите и оти е потребна координација, солидарност и одлучност. Тој порача и дека ќе продолжат енергично да се борат против тероризмот и во исто време нема да заборават да покажат сочуство, разбирање и помош за луѓето кои се обидуваат да избегаат.

Тој по отворањето на конференцијата „Кризен менаџмент: Предизвици и перспективи“ нагласи и дека тоа е огромен предизвик на кој одлучно ќе работат да се најде решение. Тој истакна и дека САД соработуваат со Македонија кога се соочуваше и со другите кризи порано, вклучувајќи ја и актуелната мигранска криза, и тоа е значаен дел од соработката на двете земји.