Милитантната организација Исламска држава со видео снимка се закани дека наскоро ќе изведе напади во Русија како одговор на руското бомбардирање во Сирија. Официјална Москва соопшти дека видеото го истражуваат руските разузнавачки служби. Се проценува дека околу 7 илјади луѓе од поранешните советски републики се борат на страната на милитантите на Исламската држава што ја зголеми загриженоста од терористички напади во Русија.