Турција за создавање безбедносна зона во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека сојузниците на неговата земја во борбата против Исламска држава се доближуваат до идејата за создавање безбедносна зона во Сирија.

Според него, забележан е позитивен развој по прашањето за забранета зона за летови и извршување на воздушни операции. Турција, како што наведе, нема да толерира зголемување на бројот на курдски борци западно од реката Еуфрат.