Еврокомесарот Јоханес Хан денеска пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе го претстави извештајот за напредокот на земјите аспирантки за членство во Европската унија. Според неофицијални информации препораката за Македонија ќе биде условена со спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во земјата. Најавено е дека шефот на делегацијата на Европската унија во Скопје Аиво Орав денеска попладне овој извештај ќе му го предаде на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Освен за Македонија денеска ќе бидат објавени и извештаите за Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција и Косово.