Собранието вечерва пред полноќ ги донесе пакетот закони договорени во Пржино. Пратениците по итна постапка ги изгласаа законот за основање Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, измените и дополнувањата во Изборниот законик, измените и дополнувања за Законот за кривична постапка, законот за заштита на приватноста, познат како закон за „бомбите“, законот за заштита на укажувачи и законот за влада.
Најжестока дебата се водеше за Изборниот законик во делот на гласањето за дијаспората. За дел од законите воопшто немаше пријавени пратеници за дискусија.