Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов изјави денеска дека од фундаметално значење за Макеоднија е целосно да се имплементира Договорот од Пржино. Според него, земјата нема алтернатива за евро-атлантска интеграција. На прес конференцијата Шилегов посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ избегнува именување на целиот тим на специјалниот обвинител. Тој нагласи и дека законот мора да се испочитува и не може премиерот Никола Груевски да избегне одговорност и состојба во која што министрите кои треба да бидат именувани во техничката Влада на Македонија ќе ги имаат сите законски ингеренции.