Дачиќ разочаран од Македонија и Црна Гора

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека е разочаран од Црна Гора и Македонија, кои гласаа за прием на Косово во УНЕСКО. Тој нагласи дека не е изненаден, но и дека тоа е нешто што сигурно ќе мораат да го постават како прашање во односите со двете земји. За време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк, Дачиќ порача и дека „како некој се однесува кон интересите на Србија, така и Србија ќе се однесува кон неговите интереси“.