Иран ја пофали соработката со Русија во Сирија

Водечки ирански парламентарец изјави дека соработката на неговата земја со Русија, Сирија и Ирак се покажала како „успешна“ во борбта против тероризмот во регионот. Претседателот на Националниот комитет за безбедност и надворешна политика, Алаедин Борујерди зборуваше пред разговорите со сириските претставници во Дамаск, вклучително и претседателот Башар ал-Асад. Борујерди рече дека коалицијата предводена од САД не успеала да постигне резултати, со што бил отворен патот за поуспена интервенција. Москва којашто на 30 септември ја започна својата воена кампања во Сирија, соопшти дека ја цели групата на Исламската држава и други милитантни групи. Но, исто така гаѓа и позиции на бунтовнички групи кои ги поддржуваат САД и другите регионални играчи. Руската интервенција е поддржана од центарот за разузнавање во Багдад, којшто ги координира напорите на Русија, Ирак, Иран и Сирија.