Праведна распеделба на доходот и извелкување од сиромаштија е вториот столб од „Визијата за Македонија“ на СДСМ, кој денеска на прес-конференција го презентираше Драган Тевдовски, претседател на партиската Комисија за економија. Целта е рече тој, да се победи нееднаквоста во општеството и да се врати средната класа преку обезбедување поправеден даночен систем и овозможување социјална заштита според реалните потреби на граѓаните. Мерките што ги предвидуваме во даночниот систем имаат за цел поголеми зафаќања од најбогатите, а пониски даноци за сиромашните, рече Тевдовски.
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијта наведувајќи дека Република Македонија е земја со најниски даноци во светот.
„Со ефективната даночна стапка од 7.4 отсто, македонските граѓаните и фирми плаќаат најниски даноци во светот. Тоа е причина странските инвеститори да дојдат во земјава и да отворат нови работни места. Тоа е причина и домашните фирми да инвестираат и да отворат нови работни места, стои во реакцијата.
Во неа се додава дека над 130.000 работни места се отворени додека се спроведуваат економските политики на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително даночната политика, а оти над 200.000 работни места се затворени додека се спроведуваа економските политики на СДСМ.