Во секое маало, покрај еден маркет, училиште и игралиште за деца има и по една до две обложувалници и по едно казино. Ваквата слика може да се забележи во секој град низ Македонија.
Во оној момент кога средствата за живот се мали, кога надежта е изгубена, кога институциите не водат сметка за граѓанинот, кога и тие самите немаат излезни решенија да им ги понудат на граѓаните, тогаш луѓето снаоѓајќи се самите, фактички во најголемиот дел се определуваат тие мали средства што ги имаат да ги користат во она што тие го нарекуваат ризик, значи „ Ајде да се обидеме да си ја најдеме среќата преку обложување или коцкарска маса.Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор.
Расте бројот на уплати, растат и профитите на обложувалниците. Бизнисот на обложувалниците и казината е во раст како никогаш досега. Точна бројка, колку Македонците трошат на спортско типување, тешко е да се најде. Но според последните податоци од Централниот регистер што ги систематизираше неделникот Капитал, двете најголеми обложувалници, кои се во најуспешните 40 фирми во Македонија изминатава година заедно имаат профит од 118 милиони евра, со што заработиле повеќе пари од познатата странска инвестиција Ван Хол. Во 200-те науспешни, се вбројуваат уште две други обложувалници.
Двете бројат речиси илјада вработени од кои 300 нововработени во последнава година, со што вработиле повеќе луѓе од 14 фирми кои се економски подобро рангирани од нив, што е само уште еден показател за ширењето на нивниот синџир.
Растот на обложувањето во Македонија е показател дека има пад во економијата, велат социолозите. Тие објаснуваат дека кога граѓаните губат надеж за излез од сиромаштијата, своите молитви за подобро утре ги насочуваат кон спортските храмови.
Последните пари ги носи во кладилница, се надева дека ќе добие, па ако не добие се надева дека следниот пат ќе има повеќе среќа, и тоа е би рекол создава зависност, која е навистина голема, опасно е човек да стане зависен од ова, има случаи во кои луѓе продаваат имот, куќи и станови , завршуваат во една тешка мизерија, тешка состојба.Илија Ацески, универзитетски професор.
Професор Ѓорѓи Тоновски вели дека таквото однесување е познат социолошки феномен.
„Во оној момент кога средствата за живот се мали, кога надежта е изгубена, кога институциите не водат сметка за граѓанинот, кога и тие самите немаат излезни решенија да им ги понудат на граѓаните, тогаш луѓето снаоѓајќи се самите, фактички во најголемиот дел се определуваат тие мали средства што ги имаат да ги користат во она што тие го нарекуваат ризик, значи „ Ајде да се обидеме да си ја најдеме среќата преку обложување или коцкарска маса.“
Тоновски додава дека ваквата слика е одраз на големата сиромаштија и незрела политичка ситуација.
Социологот Илија Ацески додава дека со зголемувањето на социолошката несигурноста и сиромаштијата луѓето ја „испумпуваат“ својата негативна енергија преку игрите на среќа и спортското типување.
„Тоа на прв поглед се чини дека им решава некакви психолошки состојби особено кај некои кои се би рекол подлабоко навлезени во финасиски проблеми, дека мислат дека можат така лесно да го решат тој проблем. И тука едно од тие решенија е дека државата треба да го има под контрола овој сектор.“
Тој додава дека зависноста од игрите на среќа и обидот да се дојде до брза заработувачка може да донесе и големи финасиски последици.
„Последните пари ги носи во кладилница, се надева дека ќе добие, па ако не добие се надева дека следниот пат ќе има повеќе среќа, и тоа е би рекол создава зависност, која е навистина голема, опасно е човек да стане зависен од ова, има случаи во кои луѓе продаваат имот, куќи и станови , завршуваат во една тешка мизерија, тешка состојба. “
Едно од излезните решенија е надминување на политичката криза, но и надминување на економската криза која граѓаните со години постојано ја чуствуваат, вели Тоновски.
Неговиот колега Ацески, пак, предлага строга контрола за местата каде што се отвораат обложувалници, односно да не се дозволи кладилници да никнуваат во близина на училишта, да им се објаснува често на младите за последиците, како на пример, зависност од спортското типување и дека тоа не е вистински начин на заработување, како и да се обиде државата да ги заштити одредени ранливи групи од нив.