Русија-Нападнати 10 позиции на ИД во Сирија

Целите на руските воздушни напади во Сирија.

Руските власти соопштија дека нивните воени авиони во изминатите 24 часа извршиле воздушни напади врз 10 позиции на Исламската држава во Сирија. Според министерството за одбрана, во нападите бил погоден тренинг камп, како и фабрика за самоубиствени бомбашки елеци, а била прекината и рута за снабдување на милитантната група. Со тоа, како што е наведено, бил направен значаен удар врз инфраструктурата на Исламската држава.