Руските воени авиони извршиле 20 возушни напади во Сирија во изминатите 24 часа. Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека целта на нападите биле девет позиции на Исламската држава.
Руските власти на почетокот на неделата соопштија дека донеле одлука да спроведат напади во Сирија. САД се загрижени оти вмешаноста на Русија во Сирија е со цел земјата да му помогне на претседателот Башар ал Асад да остане на власт, а не борбата против тероризмот.