Турција и Западот побараа Русија да запре со нападите во Сирија

Турција и нејзините партнери од коалицијата предводена од САД против групата на Исламската држава ја повикаа Русија да престане да ја таргетира сириската опозиција при воздушните напади и да се фокусира на борбата против исламистичките милитанти. Денешната жалба доаѓа преку соопштение на Турција заедно со САД, Британија, Франција, Германија и арапските заливски земји. Земјите изразија „длабока загриженост“ за воздушните напади на Москва во Сирија, велејќи дека тие претставуваат „понатамошна ескалација“ на конфликтот и дека ќе предизвикаат повеќе екстремизам. Во меѓувреме Русија соопшти дека воената кампања во Сирија може да трае три до четири месеци. Алексеј Пушков за француско радио денеска соопшти дека руските воздушни напади ќе се интензицвираат. Белата куќа на 1 октомври руските напади во Сирија ги нарече „неселективни воени операции против сириската опозиција.“