Кери: Руските напади во Сирија мора да бидат против ИД

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон ќе има „големи грижи“ ако тековната руска воздушна кампања во Сирија заврши со напади на области каде не оперираат милитантите на Исламската држава или други екстремистички милитанти. „Нападите од таков тип би ги ставиле под прашање вистинските намери за борбата против ИД или заштита на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Русија распореди голем контингент на воени оружја во западниот дел на Сирија.