Разговори меѓу Русија и САД за активности против ИД

Американски и руски воени претставници ќе разговараат за нивните активности против Исламската држава (ИД) во Сирија, најави вчера Пентагон. Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер му наложи на својот персонал да „ги отвори линиите на комуникација со Русија“, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.

Најавата доаѓа откако претседателите Обама и Путин завчера се согласија да бидат одржани разговори меѓу воени претставници на двете земји, за да се избегнат несакани судири, затоа што двете земји водат кампањи против ИД во Сирија.

Деталите и времето на одржување на овие разговори ќе бидат соопштени во наредните денови, додаде Кук.