Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ја отфрла можноста за испраќање копнени сили во Сирија да се борат против Исламската држава (ИД), но оти е отворен за придружување кон воздушна кампања против милитантната група. По минати 90 минути на неговата прва средба со американскиот колега Барак Обама по две години, Путин не отстапи од својот став дека силите на сирискиот претседател Башар ал Асад треба да ја преземат водечката улога во копнената војна против ИД- клучно „јаболко на раздорот“ меѓу двајцата лидери. Секоја одлука за повлекување на Асад мора да е донесена од страна на сирискиот народ, додаде Путин.
За време на средбата, Путин и Обама се согласиле за наоѓање политичко решение за Сирија, како и за одржување разговори меѓу воени претставници на двете земји за да се избегнат несакани судири, соопшти американски официјален претставник.