Обама: САД ќе соработува со Русија и Иран за решавање на војната во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама на обраќањето пред Генералното собрание на ОН, рече дека Вашингтон ќе соработува со било која земја за решавање на војната во Сирија, а посебно ги издвои Русија и Иран.

Но, тој истакна дека нема да биде можно враќањето на статус кво ситуацијата во Сирија, како пред почетокот на војната.

„Ние мора да признаеме дека после толку масакри и крвопролевање, нема враќање на предвоениот статус кво“, рече Обама.

Тој го осуди сирискиот претседател Башар ал-Асад и го нарече тиранин и дека напорите за соборување на групата на Исламската држава, не смеат да го зајакнат Асад.

Обама исто така рече дека светот не може да стои настрана додека Русија го повредува суверенитетот и интегритетот на Украина, и оти Вашингтон не сака да ја изолира Русија. Тој