Србија бара итно организирање на меѓународна конференција за ситуацијата со бегалците, изјави денеска српскиот министер за труд, работа, ветерани и социјална политика, Александар Вулин.
Србија треба да биде дел од решението на проблемот, ние бараме во брзо време да биде организирана меѓународна конференција за проблемот со миграцијата, нагласи српскиот министер.
Претходно претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, истакнатиот германски дипломат Волфганг Ишингер, ја повика Владата во Берлин да организира конференција за проблемот со бегалците од Блискиот Исток, на која би биле поканети и Русија и Иран, јави ТАСС.