Од две до три илјади мигранти се наоѓаат во местото Товарник на хрватската страна од границата со Србија, кои стрпливо чекаат да бидат пренесени на некоја дестинација од каде би го продолжиле патот кон западноевропските земји.
Бегалците мирно чекаат по неколу часа во редица долга околу 200 метри за да се качат на автобусите. На бегалциите им помагаат волонтери на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР), на организацијата „Лекари без граници“, како и на групата „СОС конвој“ од Виена, кои се организирале преку Фејсбук.
На местото на кое се наоѓаат бегалците стациониран е и медицински тим.
На граничниот премин Хармица, пак, на хрватско-словенечката граница се одигрува вистинска драма меѓу бегалците, поради одлуката првенство за влез во Словенија да имаат жените и децата, објави загрепскиот весник „Јутарњи лист“.
Поради ваквата одлука голем број семесјтва биле раздвоени, што довело до нервоза и турканица, при што се слушале врисоци на деца, плач на жени и викање на мажи, наведува весникот.