ЕУ нуди помош на Хрватска за бегалците

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и понуди на Хрватска техничка и логистичка помош за справување со бранот бегалци. Европската комисија соопшти дека Јункер разговарал со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, како и дека двајцата изразиле неопходност од јакнење и заштита на надворешните граници на ЕУ. Јункер и Милановиќ укажале на неопходноста од зголемување на помошта на ЕУ и постигнување напредок за прашањето за поделба на бегалците меѓу земјите членки.