Јахјага бара владата Косово да прифати 3 илјади бегалци

Атифете Јахјага

Претседателката на Косово Атифете Јахјага побара од косовската влада да прифати сириски бегалци наведувајќи дека бегалците би можело да се сместат во објектите каде што престојувал КФОР. Како што пренесува онлајн изданието на весникот „Газета експрес“ Јахјага побарала да бидат прифатени до три илјади бегалци од Сирија. За ова прашање таа претходно разговарала со министерот за труд и социјални работи Арбан Абраши од кого побара да се разгледаат сите можности и капацитети дали Косово може да се солидаризира и да згрижи бегалци од Сирија.