Најмалку 11 мигранти за кои се верува дека се Сиријци, загинале откако два чамци потонале на пат од југозападна Турција кон грчкиот остров Кос. Во едниот чамец патувале 16 Сиријци, од кои седум се удавиле, а четворица се спасени. Крајбрежната стража се уште трага по останатите петмина мигранти. Вториот чамец кој се движел по истиот пат со шестмина патници, исто така потонал при што се удавиле три деца и жена. Две лица ја преживеале несреќата стигнувајќи до брегот.