Средношколците со почетокот на учебната година ја најавија и новата борба за решавање на проблемите во образованието. Средношколскиот пленум соопшти дека продолжува и со собири, дебати и аргументи да бара од Министерството за образование да направи измени во екстерното тестирање. Тие тврдат дека начинот на кој се реализира екстерното тестирање е во спротивност со европските образовни стандарди и спаѓа во „реформите“ кои наместо да ги разрешат образовните проблеми само ги продлабочуваат.
Барањата на коишто остануваме и оваа година се законот за екстерно тестирање и новиот концепт на државна матура за којшто се обидоа да дојдат до некоја промена, до некое решение, но со тоа што кажаа дека промената ќе биде само за минатата година ние видовме обид да се заташка целата наша побуна и затоа ние остануваме цврсто на тоа наше барање.Симона Туфекџиќ, средношколка.
Ученичката во трета година во скопската гимназија Орце Николов, Симона Туфекџиќ вели дека Средношколскиот пленум останува на досега поднесените барања за кои досега не е постигнат договор и нема да поднесуваат нови барања до Министерството за образование.
„Барањата на коишто остануваме и оваа година се законот за екстерно тестирање и новиот концепт на државна матура за којшто се обидоа да дојдат до некоја промена, до некое решение, но со тоа што кажаа дека промената ќе биде само за минатата година ние видовме обид да се заташка целата наша побуна и затоа ние остануваме цврсто на тоа наше барање“, вели таа.
Она што како наставници го направивме не вроди со плод, затоа што не бевме ниту повикани на некои разговори кај министерот. Иако министерот за образование во некои негови изјави во подоцнежно време велеше дека во август ќе се консултирал со Наставничкиот пленум и со некои други здруженија, како Здружение на просветни работници и со средношколците.Владо Димовски, Наставнички пленум.
Туфакџиќ додава дека во изминативе три месеци никој од надлежните не контактирал со нив и покрај тоа што им беше ветено, па додава дека за разлика од политичарите, средношколците ќе го остварат ветеното и нема да застанат во борбата против лошите реформи.
„Ние ќе останеме на нашето сè додека тие не го слушнат нашиот глас, макар тоа било и по цена да имаме и протести, маршови, бојкот на наставата и сè останато што се случуваше изминатата година“, вели таа.
И Наставничкиот пленум не одржа средби и дебати со Министерството за образование.
„Но, она што како наставници го направивме не вроди со плод, затоа што не бевме ниту повикани на некои разговори кај министерот. Иако министерот за образование во некои негови изјави во подоцнежно време велеше дека во август ќе се консултирал со Наставничкиот пленум и со некои други здруженија, како Здружение на просветни работници и со средношколците, такви разговори нема, не се објавија досега“, вели професор Владо Димовски од Наставничкиот пленум.
Тој додава дека нивниот пленум се залага за измени во законот за високо и средно образование во кое се предлага нов систем на екстерно проверување, а не екстерно тестирање, односно формативно екстерно проверување кое ќе служи за статистички податоци за да се види каде недостасува нешто во образованието или каде треба да се дополни.
Учениците сакаат компромис и велат дека е неопходно да се промени моделот на екстерно тестирање, затоа што овој модел кој се користи изминативе години се покажа како нецелисходен.