Десетици сиријци и авганистанци чекаат во село Бадемли на брегот на Турција на можност да стигнат до грчкиот остров Лезбос каде што се надеваат дека ќе почне вистинскиот пат до нивен подобар живот.
Повеќето чекаат да стигне брод кој ги префрли на Лезбос кој е десетина километри од турскиот брег.
24 годишниот Мохамед Мохамеди, од Авганистан заедно со други мигранти веќе еднаш се обидел да стигне на Лезбос, но нивниот брод бил вратен на брегот.
Тој вели дека пред да стигне во Турција, осум години минал во Иран. Но, како што додава, веќе не можел да остане во Иран.
„Немам иднина таму. Немам безбедност. Ми треба нов живот. Нов почеток. Мислам дека Европа е мојот пат. Таков живот сакам. Ги сакам нивните правила“, вели Мохамеди, кој додава дека опасностите на тој пат нема да го спречат да ја исполни целта.
„Ова е опасно, но таму можам повторно да бидам човек“, додава тој.
Во близина на Бадемли можат да се видат мигранти кои со гумени чамци заминуваат за Лезбос од Турција, земја која меѓународно беше пофалена за прифаќањето на 2 милиона бегалци.
Немам иднина таму. Немам безбедност. Ми треба нов живот. Нов почеток. Мислам дека Европа е мојот пат. Таков живот сакам. Ги сакам нивните правила.Мохамед Мохамеди, бегалец од Авганистан
Но, нејзините капацитети се преполни, па илјадни бегалци се решија преку Грција, Македонија и Србија да стигнат во Унгарија, па до побогатите земји на Европската унија.
Едномесечниот Абдул е роден во Грција. Неговата мајка, на патот со воз низ Македонија, вели дека била решена да му обезбеди подобар живот. А за тоа таа мораше да ризикува напорно патување и тоа во поодмината бремена состојба.
Преполнетите возови во Македонија два пати дневно носат стотици бегалци до српската граница.
На ова патување кое трае пет часови, 23 годишниот Абдул разговара и пее со пријателите.
„Сакам повторно да студирам на факултет, бизнис или информатика“, вели тој.
Вата пак го носи својот две годишен син во Германија на козметичка операција на неговото лице. Детето било повредено во еден напад со автомобил бомба во Багдад.
Но, не сите бегаат од насилствата на Блискиот Исток.
26 годишниот Биџи од Индија едноставно се надева на подобра иднина.
„Одиме во Европа да заработиме пари за подобро да живееме“, вели Биџи.
По пристигнувањето на Табановце бегалците добиваат вода и сендвичи од хуманитарните организации.
„Уморен сум, но добро е“, наведува еден бегалец, кој како и другите по кус одмор пеш влегуваат во Србија во уште едно патешествие исполнето со надежи кои го надвладуваат стравот од непознатото.