Информациите во печатот околу мигрантската криза на македонско-грчката граница малку стивнаа, на површина излегоа меѓупартиските пазарења со припомош на Белгијанецот, Ванхауте. И тоа најмногу околу различните предлози на двете најголеми партии за изборниот модел: дали мнозински со 17 пратеници како „бонус“ за онаа која ќе освои најмногу гласови од граѓаните, или Македонија како една изборна единица со која и малите партии ќе станат релевантни играчи на политичката сцена поради „напредокот на демократијата во земјата“. Владејачката партија и нејзиниот прв човек, кој го предложи принципот на бонус-пратеници, во свој стил, користејќи ги провладините медиуми ја почнаа битката за овој предлог.
По кој модел ќе гласаме во април? Тактичко надмудрување меѓу Груевски и Заев.Дневник.
Вечер ја објавува провокативната изјава на Груевски, „Ако се сигурни во победа, оти се противат за плус 17 пратеници“ како и онаа на координаторот на пратеничката група, Илија Димовски: „Доколку СДСМ планира и знае дека ќе победи, апсолутно ќе го прифатеше мнозинскиот систем, бидејќи тој нуди стабилност, односно поголемо мнозинство за победникот“.
Дневник е порезервиран, па оди со наслов: „По кој модел ќе гласаме во април? Тактичко надмудрување меѓу Груевски и Заев“. Вечер, во друго издание, како да се подбива со предлозите на најголемата опозициска партија: „Секој ден се бара нешто ново - Заев не може да се договори со Заев, ниту СДСМ може да се договори со СДСМ“.
Дали во колоната бегалци маршираат само воени паталци? Меѓу бегалците од војната веќе е забележителен бројот на економски мигранти. Низ Македонија поминаа петпати повеќе мажи отколку жени.Утрински весник.
Слободен печат коментира: „Низ ногавиците му истекоа 17-те пратенички мандати - премиерот Груевски јавно призна колку пратенички места му се потребни за да ја задржи ʼстабилната властʻ во Парламентот“ и „Идејата за бонус пратеници Груевски ја зел од Мусолини“.
Неутрална информација има во Утрински: „ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ни напред ни назад - четирите партии разговараа за изборните измени, почнува бурата околу специјалниот обвинител“.
Утрински излегува со анализа на блискоисточниот егзодус од поинаков агол: „Дали во колоната бегалци маршираат само воени паталци? Меѓу бегалците од војната веќе е забележителен бројот на економски мигранти. Низ Македонија поминаа петпати повеќе мажи отколку жени“, излегува со податоци весникот.
Нова Македонија објавува проценка на УНЦХР дека „Во Македонија ќе пристигнуваат по 3.000 мигранти дневно“ и дека „Се очекува помош од ЕУ пред новиот бран бегалци“.Вечер задоволно забележува дека „ЕУ конечно призна - криза има и на Македонија мора да ѝ се помогне“.