Тие ја напуштија нивната родна Сирија пред половина година страхувајќи од милитантите на Исламската држава и надевајќи се на посветла иднина.
„Особено е лоша ситуацијата со Курдите, бидејќи милитантите на Исламската држава сфатија колку е тешко да не победат. Ако милитантите заробат некој Курд тие веднаш го обезглавуваат“, вели Мохамед Хаџи Рашид, бегалец од Алепо.
„Жена ми и син ми еден ден за малку ќе загинеа од истрели на куршуми. Тоа ме реши на ваков чекор“, вели тој, додавајќи дека тоа не била лесна одлука.
Добро ни одеше во Сирија. Имав работа, автомобил, имавме доволно пари. Се на се живеевме многу добро. Не дојдов во Германија за пари. Ситуацијата стануваше со секој ден се полоша. Не гледав никаква алтернатива освен да ја напуштам мојата татковина.Мохамед Хаџи Рашид, бегалец од Сирија.
„Добро ни одеше во Сирија. Имав работа, автомобил, имавме доволно пари. Се на се, живеевме многу добро. Не дојдов во Германија за пари. Ситуацијата стануваше со секој ден се полоша. Не гледав никаква алтернатива освен да ја напуштам мојата татковина“, дополнува Мохамед Хаџи Рашид.
Неговото семејство сиот свој имот го остави во Сирија. Мохамед го продал автомобилот за да собере пари за бегството.
Патувањето одело по морски пат до Грција, каде што тој и семејството минале два ипол месеца во многу тешки услови.
Конечно Шерин и нивниот син Чен можеа официјално да ја напуштат Грција и да заминат за Германија, но без нивниот сопруг и татко Мохамед.
Тој им се придружил по неколкумесечен пат преку Македонија, Србија и Унгарија.
Мохамед Хаџи Рашид вели дека тие од секогаш сакале да дојдат во Германија.
„Има демократија и шансите да бидеш прифатен тука се многу добри. Токму на тоа и се надевавме и засега претпоставките ни се исполнија. Секако има многу пречки, како германскиот јазик на пример. Но, се на се, ние сме среќни што сме тука“, вели Мохамед.
Сепак, тие се уште не се постојано заедно бидејќи Шерин и Чен пристигнале во Германија пред Мохамед и затоа се сместени во различни градови.
„Сопругата и синот во Бон делат една соба со една бегалка од Африка“, наведува Мохамед кој живее во хостел во Еускирхен, на триесет километри од Бон.
Тој скоро секој ден ги посетува, но не може да остане таму преку ноќ.
„Па тоа е многу тешко“, вели Шерин додавајќи:
„Посебно за синот. Секоја ноќ плаче и прашува каде е татко му и зошто не може да биде со нас. Дури и за време на нашето бегство, на море и на копно, секогаш бевме заедно. И сега кога стигнавме во Германија ние сме разделени“, вели таа.
Во Германија која е една од крајните дестинации на мигрантите кои бегаат од со војна зафатените подрачја зачестија нападите врз нив.
Деновиве во градот Хајденау дојде и до судири меѓу полицијата и крајно десничарските демонстранти кои протестираа против доселувањето на мигрантите во Германија.