Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц побара подобра заштита на надворешните граници на ЕУ, како и поголема контрола на западно-балканската транзитна рута за да се намали бранот на азиланти. Тој во интервју за виенскиот дневник „Естерајх“ наведува предлози за справување со бегалската криза и борба против шверцот со луѓе. Курц се залага за меѓународна акција против Исламска држава, при што Австрија би обезбедила опрема. Според него, бегалците треба да бидат заштитени и згрижени во близина на нивната татковина. Тој се залага и за одредување квоти за распределба на бегалците во ЕУ.